Author Topic: Йоан Дамаскин и критиката му към Исляма  (Read 122184 times)

0 Members and 2 Guests are viewing this topic.

Offline pomak BG

  • Historian
  • *****
  • Posts: 1280
  • Да си помак звучи гордо.
Ne se pritisnqvay Usu sega nqmam vreme ce imam rabota, no sim sposoben da zashtity Korana i uprecite kim proroka ni. Imay sabur.
Няма нищо реално на този свят.
Dünyada her şey gerçek değildir.

Offline Шали

  • Advanced member
  • *****
  • Posts: 487
  • Gender: Female
...и ти ли си човекат който може да сравнява един прост човек като Исус   със Господ...

Еххх Шабан...това, че Иисус не е просто човек е казано в прав текст и в двете обсъждани книги. Но вие сте изтрили поста с доказателствата, за да си плюете в познатия стил  :) Не можете ли да опровергавате без триене и банове, та вие настоявахте за тази игра!
Благодаря Ти, Господи!

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
За сите оние, кои се сомневаат во Куранот, за сите оние кои од недоволна начитаност го навредуваат Аллаховиот Говор, за сите оние кои трагаат по вистината да можат да согледаат дека Куранот е навистина Аллахово чудо !

ИншаАллах од оваа тема да се окористат што поголем број луѓе !!!

 
Дали Куранот е објавен од Семоќниот Создател , или не?


Во името на Аллах, милостивиот сомилосен

Рабби-шрах ли садри, ве jec сирли емри, вехлул аукдетем-миллисани јефкаху каули (сурах Таха ajet 25-28)
Овие цитирани зборови се од величенствениот Куран во кои ајети Аллах ни кажува молбата на гласникот Муса до својот господар: Муса рече:"Господаре мој, отвори ми ги градиве, и олеснија работава моја, и одврзиго јазолот од јазикот мој за да го сватат говорот мој!

Која е причината за цитирањето на овие зборови?

Првенствено го цитирав ајетот затоа што навистина ако не е Аллахова воља да некој го разбере говорот мој, така и ке биде, никој нема да разбере. Со оглед на денешниве случувања, преполни со предрасуди стереотипи и тн. одлучив да појаснам зашто го цитирав ајетот:
Ако една личност која припаѓа на христијанска религија, држи говор на муслимани, меѓу слушачката публика на муслиманите се појавува мислењето дека ќе се зборува против исламот, или во конкретниов пример, јас сум муслиман и ако некој немуслиман го чита ова мое пишување, можноста за појава на мисла од овој тип е доста голема.

Затоа и јас ја користам молбата упатена од Муса а.с. до Аллах с.в.а за луѓето кои ќе го читаат ова пишување да можат да ја сватат вистинската порака на ова пишување, да се гледа на јасен и непристрасен начин, со очи на здравиот разум, и без малку сoмнеж во намерата на ова пишување.





Allah nema da ja promeni sostojbata na eden narod se dodeka toj narod samiot ne se promeni!

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Единсттвената причина која ме поттикна на ова пишување е: одделување на вистината од невистината, согледување и анализирање на стереотипи и предпоставки, основани и неосновани обвинувања, и тн.

Однапред се извинувам ако во текот на моето пишување повредам некои верски чувства на читачката публика, било да се христијани, евреи атеисти, муслимани, и сите останати религии.
Сакам исто да дадам дознаење дека за секој испишан збор во ова пишување стои долгогодишна работа на врвни исламски авторитети, и секој збор има здрав Фундамент во Куранот и Суннетот, за цитираните делови од Библијата може да се провери нивната веродостојност во Македонското свето писмо, од кое се земени податоците и во Историјата кога се работи за историски податоци.

Повикуваеќисе на изреката на Алберт Ајнштајн кој вели: Наука без религија е осакатена наука, а религија без наука е слепа религија.
Дозволете да ви дадам дознаење дека Куранот не е научна книга, Куранот е книга разделувач на вистината од невистината, книга патоказ кон извонреден морал на целокупното човештво во целокупна форма, на уредуванје општествено и социално-економски односи, книга на Знаци кои зборуваат за наука, и за се друго. Куранот има повеке од 6000 знаци од кои повеке од 1000 знаци јасно зборуваат за Науката во сите можни полиња, едноставно кажано Куранот е книга која е патоказ на животот, за која Аллах вели:....и за Се потенко објаснивме... (Сурах Ал –Араф : 12)
Allah nema da ja promeni sostojbata na eden narod se dodeka toj narod samiot ne se promeni!

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Во минатото , исто така и во денешниов свет луѓето имаат недоразбирања во врска со Куранот, па изнесуваат секакви невистини, мисли, сомневања, и тн. па за таа цел ќе ги анализираме сите можности кои се припишани на Куранот и на Мухаммед с.а.в.с (мир и спас врз него)

Пред да почнеме со анализирање на можностите за објавата на Куранот, ке го запрашаме самиот Куран да даде изјава самиот за себе од каде потекнува која е неговата цел, и до кого е објавен:

Објавувањето на Книгата, во која нема сомнение , е од Господарот на световите. Или зборуваат "Тој го измислува." Но, не! Тоа е вистина од Господарот твој за да го опоменуваш народот кому не му е дадена опомена, пред тебе, за да се упатат. (Ес Сеџде 32 ајет 2-3)

Ние навистина Куран објавуваме, и Ние навистина над него ке бдееме. (Сурах Ал - хиџр 15 ајет 9)
Изразот во множина НИЕ е израз кој се користи во Куранот за изразување респект према Господарот на Световите. Множната е и во нашиов свет вообичаена, имаме два видови на множина: множина за количина, и множина за респект, кога се трудиме на некоја ценета личност да и се обратиме со почест користиме вакава форма во множина , пр. Вие професоре, или вие господине капетан и тн.

Исто така Аллах вели: И ви стигна од Аллах светлост и книга јасна...
Во друг ајет Аллах вели: О луѓе , веке ви стигна порака од Господарот ваш, и лек за она што ви е во градите, и упата, и милост за верниците.
Во овој Ајет Аллах ни дава дознаење дека Куранот е испратен од Аллах с.в.а, до луѓето, те. Куранот самиот за себе кажува кој е неговиот извор, а до кого е доставен ни кажува во следниов ајет:

Нека е узвишен Оној кој на робот свој (Мухаммед) му објавува Куран, да на световите биде опомена... (Сурах Ал - Фуркан 25 ајет 1)
Allah nema da ja promeni sostojbata na eden narod se dodeka toj narod samiot ne se promeni!

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
А која пак е целта на испракање на робот, ни кажува во следниов ајет :

Книга која ти се објавува! - Па нека во градите твои не ти се стеснува од неа за да не опоменуваш со неа, опомена за верниците. (Сурах Ал- Араф 7 ајет 2)

а тебе (Мухаммед) те испративме само како милост за световите (Сурах Ал - Анбија ајет 107)

И за сето искажано Аллах дава дознаење и вели:
Речи: Што мислете, ако е Куранот од Аллах, а вие во него несакате да верувате - кој е тогаш во поголема заблуда од оној кој во противречности е далеку од вистината? (Сурах Ал - Фусилет 41 (ајет 52)

Речи : Кажете ми вие мене што ке биде со вас ако Куранот е од Аллах објавен, а вие не сакате во него да верувате, и ако веќе еден од синовите израилови посведочи дека е он од Аллах, па и тој поверува, а вие се надувте, Аллах навистина нема да укаже на правиот пат на народ кој самиот себе неправда си чини (Сурах Ал - Ахкаф 46 (ајет 10)

После дадените изјави од Куранот, можеме да прејдеме на разгледување и анализирање на другите можности наметнати од страна на ориенталистите, на луѓето без доволно познавања за исламот, и луѓето кои едностано без причина одбиваат да веруваат....
Allah nema da ja promeni sostojbata na eden narod se dodeka toj narod samiot ne se promeni!

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Исламот како Религија егзистира од моментот кога првиот човек Адем (Адам) беше испратен на земјава, па се до ден денес и засекогаш иншаАллах, зашто го тврдиме ова, ќе образложиме во следниов текст:
Семокниот Господар, има испратено повеке објави и пратеници на оваа земја, сите испратени пратеници од Аллах с.в.а пред Мухаммед с.а.в.с беа испратени за одреден народ а објавите објавени преку нив, само за одреден временски период, целата објава доставена до пратениците е само за тоа време, еден од доказите е и цитатот од Библијата

Евангелие според Матеј 15 (ред 22-25)
И ете , една жена Хананејка, како излезе од овие краишта, повика кон него, велееќи> помилујме "Господи" сине давидов ! Ќерками жестоко ја мачи демон.< Но он не и одврати ниту збор. И пристапуваеќи до него, учениците негови го молеа и велеа: отпуштија оти вика по нас!
А он одговори и рече: Јас сум пратен само при загубените овци на домот Израелев <


Исто така во Евангелие Според Матеј (поглавје 10, - ред 5-6) се зборува за Апостолите испратени од Исус , но до кого? Согледајте сами:
Тие дванаесет души ги испрати Исус и им заповеда, говорејќи: по пат кон незнабошци не одете, и во самарјански град не влегувајте; а одете најнапред кај загубените овци на Израеловиот дом.
За истиов цитат во хрватската верзија на Библијата стои вака:

И Исус их је послао и упутио их: Не идите поганима ни Самаријанцама веч само израелском народу- Божјем изгублјеним овцама
Allah nema da ja promeni sostojbata na eden narod se dodeka toj narod samiot ne se promeni!

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Во Џејмс Кинг верзијата цитатот е следниов:

These twelve Jesus sent forth and commanded them, saying, "Go not into the way of the Gentiles, and into any city of the Samaritans enter ye not. 6But go rather to the lost sheep of the house of Israel.
Од ова може да согледаме дека некои преводи на Библијата си земале за право цитатот да го изменуваат па да изгледа како поблаго, наместо: Веч само израелском народу - а одете најнапред кај загубените овци...

Во секој случај пораката е јасна, и докажува дека и Исус и неговите Апостоли се испратени само за израелскиот народ, а не и за останатиот човеков род.

Според Библијата самиот Исус тврди дека Не е пратен за сите народи, туку само за Домот Израелев, исто така и другите Божји гласници се испратени само за одреден народ, а објавите до нив, само за одреден временски период, тоа е и причината да се прават метафизички појави (чуда) за народот да согледа дека тој гласник навистина е испратен од Господарот како што Исус (Мир и сапас врз него) одел по водата, лекувал слепи и лепрозни, оживувал мртви луѓе со дозвола од Аллах с.в.а и ред други чуда.

Но сите овие работи во денешно време не можат да се потврдат нити да се испитаат, нити повторат, затоа викаме дека објавата е само за одреден временски период, што не е случај со Куранот...
Кога би посакале денес да се увериме дека Исус (Мир и сапас врз него) навистина оживеал мртов човек со одобрение од Аллах, не би можеле да докажеме, можеме само да веруваме на преданиата, но како би знаеле дали тие се исправни, вистинити или не???

За таа цел потребен ни е доказ, нешто што може да се испита во секое време, нешто што може да се докаже, нешто што може да користи во сите времиња.
Па да го согледаме Куранот од таа гледна точка и да анализираме, дали е случај и со Куранот како и со другите објави???
Allah nema da ja promeni sostojbata na eden narod se dodeka toj narod samiot ne se promeni!

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Аллаховиот гласник Мухаммед с.а.в.с е последниот пратеник испратен од Семоќниот Господар, пратен до целото човештво, испратен како милост на световите, како што веќе напоменавме, и објавата испратена до него (Куранот) е испратена за сите времиња и за сите народи, за сите светови.
Куранот вели: И Ние те исративме само како милост на световите! (Сура Ел Енбија 21 ајет 107)

Како и сите Аллахови гласници, почестени од Аллах со Муџиза (чудо) така и Мухаммед с.а.в.с е почастен со Куранот кој всушност е чудото кое му е дадено на Мухаммед с.а.в.с.

Зашто оваа објава, Куранот, е чудо?
Затоа што е потврдена да биде чудо пред 14 векови, и после 14 векови во денешно време може да се докаже, испита дека е чудо, и во времињата што следуваат и за секогаш!, што уште докажува дека е и последна објава, затоа што може да биде испитана и потврдена во сите времиња, луѓето од сите времиња можат да живеат според Куранот кој е патоказ кон вистината. кратко речено Куранот е чудо над чудата!!!

Ние муслиманите во хадисите (искажани зборови или дела од Мухаммед с.а.в.с бележиме и веруваме и во други чуда (Муџиза) невообичаени појави, но тие појави се за тоа одредено време и за тој одреден народ, и во денешно време не можат да се повторат нити да се докажат, како што е случај со Куранот!!!
Иако некои од нив се потврдуваат во денешно време, како што е примерот со месечината: кога една група од луѓе во времето на Мухаммед с.а.в.с бараат од него да им предочи чудо за да поверуваат дека он е Аллахов гласник , па посакуваат од него да ја раздели Месечината на два дела, па ако успее ќе поверуваат,
Мухаммед с.а.в.с упатува молба до Аллах с.в.а и со Аллахово одобрение Месечината се разделува на две половини за одредено време, кога групата го видела тоа, веднаш го обвинила на Мухаммед с.а.в.с дека он е сихирбаз (маѓепсник, волшебник) Еузубиллах, па поставуваат уште еден услов, и велат: Да испратиме луѓе да отидат во пустината па да ги запрашаат тамошните луѓе, дали и тие виделе исто што и ние овде? Така и прават, испраќаат луѓе во пустината и ги прашуваат на луѓето дали забележале нешто невообичаено, тие одговараат дека виделе како Месечината се разделила на две половини, едната половина на едната страна од неботоа, а другата на другата страна од небото, па овие непријатели на Мухаммед с.а.в.с повторно имаат изговор викаат и нив ги маѓепсал (неузубиллах)
Allah nema da ja promeni sostojbata na eden narod se dodeka toj narod samiot ne se promeni!

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Не сакаат да поверуваат во нивните очи и измислуваат секакви невистини, па се повикуваат на нивната лага, и остануваат во мракот на сомнежот.
Ова случување, се потврди во денешно време кога со моќните телскопи може да се види и да се наблудува месечината, за која одредени астролози даваат ваква изјава, дека Месечината по целата нејзина должина има една линија која изгледа како да месечината била одделена па потоа заварена, може се согледа на сликата:

Куранот за ова вели: Се ближи часот и Месечината се располови, а оние кога и да видат чудо главите ги свртуваат и говорат: "волшебништво постојано" Оние не веруваат и ги следат само страстите свои, а Се, е веќе одредено.. (Ел-Камер 54 (ајет 1-3)

Куранот истотака го потврдува случувањето со што дава веродостојност од највисоко ниво за нас муслиманите, но бидееќи не е тема на ова пишување ќе прејдеме на Куранот.........


Allah nema da ja promeni sostojbata na eden narod se dodeka toj narod samiot ne se promeni!

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Единствена точка на коментирање меѓу луѓето, е: дека Куранот за прв пат е искажан во 6 век, во градот Мекка во Арабија, од човек чие име е Мухаммед (мир и спас врз него него) и овде завршуваат сите дискусии, дозволете да го преставиме Куранот од друг аспект, од аспект на вистината...

Повикуваеќисе на изворот на величенствениот Куран, може да биде базиран врз три различни извори и тоа:

1. Првата можност е дека: Автор на Куранот е самиот Мухаммед с.а.в.с
Несвесно, Свесно, и под дејство на разболен мозок, не при себе. (Неузу Биллах)


Ова се теории дадени од Ориенталистите, луѓе кои немаат доволно познавања за исламот, луѓе во чии очи исламот едноставно представува варварска религија, за кои обвинувања немаат докази, те. неосновани сомневања кои му се препишуваат на Мухаммед с.а.в.с

2. Втора можност е дека: Мухаммед с.а.в.с преземал кажувања од други луге или користел кажувања од други религии, за пишување на Куранот.

3. Трета можност е дека: Куранот не е базиран врз извор на човечко битие. и има извор од некоја друга надприродна сила, те. од Семокниот Господар.

Дозволете да ги анализираме сите три можности, сите три можни извори:

Првата можност: автор на Куранот , лично Мухаммед с.а.в.с Не свесно, Свесно, и под дејство на разболен Ум, не при себе.
Allah nema da ja promeni sostojbata na eden narod se dodeka toj narod samiot ne se promeni!

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Најдобра можност да се поништат тврдењата на една личност, било да се научни докажувања или било какви тврдења, е да се предизвика на докажување тоа тврдење , или да се елиминираат можности (виа негатива).
Ориенталистите токму го прават тоа кога велат дека: автор на Куранот е Мухаммед с.а.в.с да го анализираме ова тврдење на ориенталистите:

Мухаммед с.а.в.с никогаш неси го припишувал себеси Куранот, во ниедна прилика не рекол дека тој е автор на Куранот, иако имал доста можности, За факт, во секој случај вели дека Куранот е објава од Семокниот Аллах с.в.а доставена до него.
Да анализираме еден пример:
Мухаммед с.а.в.с за себе тврдел дека е непогрешив во Говорот за Куранот, и кога ги предизвика луѓето со своите муџиза (метафизички појави) со што потврдил дека е испратен гласник од Аллах, во овој случај нему оди во прилог да го препишува Куранот на било кој друг освен себеси, доколку целта му беше да се представи себеси како автор на Куранот, ова му е одлична пригода да се круниса како Автор, со што би си ги задоволил наводните материјални потреби.
Но Мухаммед во секој сличај тврди дека Куранот е од Аллах, дека тој е само пренесувач на објавата, Аллахов пратеник и ништо повеќе од тоа!
Ова е доволна причина да се отфрлат сите можни невистинити препишувања од овој вид, но да согледаме уште една случка:
Паганите на Мекка после повеќе обиди од различни видови, за оцрнување на Мухаммед с.а.в.с доаѓаат до идејата да ја обесчестат неговата жената Аиша р.а за која изнесуваат лага, дека направила неморално дело со еден од Асхабите, после одредено време оваа информација- допира и до ушите на Мухаммед с.а.в.с а истовремено и објавата престанува за одредено време, па Мухаммед с.а.в.с и Асхабите се наоѓаат во безизлезна ситуација, месец дена според некои преданија објавата прекинала, па во таа ситуација Мухаммед и приоѓал на Аиша со зборовите: До мене допреа овие зборови, ако не си погрешила, Аллах ќе те заштити, ако си погрешила, барај опрост од Аллах.
Allah nema da ja promeni sostojbata na eden narod se dodeka toj narod samiot ne se promeni!

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Доколку Автор на Куранот е Мухаммед и самиот тој го пишувал, што овде би го спречило да им ги затвори устите на луѓето и да каже дека не е така???
Но не!, он чека се додека дојде објава, зашто знае дека несмее нити да помисли да каже било што и да му го препише на Аллах, а ова се потврдува во следниов Ајет
А да тој за Нас, било каков збор своеволно изнесеше, Ние ќе го фатевме за десната рака, и ќе му ја пресечевме вената што чука, и никој меѓу вас не ќе можеше да му помогне. . (Сура Ал -Хакха 69 ајет44-47)
Исто така и ова докажува дека Куранот не е Мухаммедов говор, туку лично од Аллах створителот на световите.
После месец дена слегува објава од Аллах во која се потврдува честа на Аиша па Мухаммед с.а.в.с оди да и ја пренесе радосната вест, и и вика : Ти носам добри вести, се потврди твојата чест, а Аиша вели: Аллах ми ја донесе радосната вест, а не ти. Лута на благ начин, му дава дознаење дека е повредена од тоа што и рекол ако си погрешила барај опрост од Аллах.
Исто така и ова е доказ повеќе дека Мухаммед с.а.в.с не е автор на Куранот, доколку би бил, зарем ќе и вели на својата жена покајсе ако си погрешила, зарем имало потреба од тоа, ако веке знаел дека не погрешила? Секако дека Не! ќе кажел веднаш дека тоа е лага и решен проблем.

Во едно пак предание стои дека за време на подготовките за битката на Тебук една група на луѓе побарале од Мухаммед с.а.в.с да не учествуваат на битката и ги изнесле своите образложенија, но меѓу нив имало и лицемери (мунафици) па Мухаммед с.а.в.с им дозволува да изостанат од битката на Тебук.
После ова слегува објава од Аллах која му укажува на неговиот погрешен став:
Нека Аллах ти опрости што им дозволи да изостанат, додека не се увери кој од нив ја зборува вистината, а кој лаже.
Воопшто нема сомнеж дека Мухаммед не е авторот на Куранот, зарем ако би бил? Самиот себе, би се опоменувал на ваков начин ? Ова е само доказ дека извор на Куранот е Аллах с.в.а

така што оваа можност се отфрла како неоснована, и лажна !!!
Allah nema da ja promeni sostojbata na eden narod se dodeka toj narod samiot ne se promeni!

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Друга и нај ниската работа која, Ориенталистите му ја препишуваат на Мухаммед с.а.в.с ,е дека лажел. (Неузу Биллах).

Пред да му се достави објавата, Мухаммед с.а.в.с уште во младите години бил пример за извонреден морал, што покасно го добива епитетот (Ел Емин) што значи чесен, поштен, доверлив чвек, оваа титула му е дадена од граѓаните на цела Мекка, дури бил повикуван и од соседните градови да ги решава споровите меѓу луѓето, и за секоја негова одлука луѓето биле задоволни, зашто знаеле дека е чесен и нема да пресуди погрешно, или да гледа интереси, дури и од страна на Евреите во тогашно време е поддржан овој епитет со кој е почестен Мухаммед с.а.в.с (Ел- Емин)
Дури и неговите непријателите кога склучувале договор за некоја работа со него, тврделе дека Мухаммед а.с. нема да го изневери склучениот договор, дури и тие што го нарекувале лажго, тврдат дека тој не лаже, тврдат дека е (Чесен) покасно дури и тие тврделе дека Куранот е објава од Семокниот господар и дека Мухаммед с.а.в.с е гласникот испратен од Аллах с.в.а.
Доколку нешто од ова искажано не е вистина, тоа сигурно Историјата би го забележала, бидееќи во тогашно време имало поголем број непријатели на Исламот и Мухаммед од било кога, па оние не би седеле со скрстени раце на ваков предизвик, секако дека се обиделе на разни начини да ја искриват вистината, но анализираеќи ги денешниве примери ке се согледаат и тие во минатото.
Па дали, лице со вакви предиспозиции би лажело за една така голема работа???
Историјата го потврдува тврдењето дека Мухаммед а.с бил Ел Емин. (Чесен)

Според тоа и ова можност се одфрла како неоснована и лажна.
Allah nema da ja promeni sostojbata na eden narod se dodeka toj narod samiot ne se promeni!

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Трета работа која, Ориенталистите му ја препишуваат на Мухаммед с.а.в.с е: Мухаммед тврди дека е божји гласник, и му го препишува Куранот на Семокниот Господ, за свои лични бенифиции, за материјални придобивки.

Во потполност се сложувам со ова мислење, има многу луѓе кои себеси се нарекуваат гласници од Господарот, за да се здобијат со слава, богатство углед и ред други работи, најчест случај со вакви појави е Индиа.

Но дали Мухаммед с.а.в.с имал вакви намери, дали имал вакви особини ???

Мухаммед с.а.в.с уште пред да ја добие објавата, пред да биде Божји Пренесувач на објавата, ги поседувал сите материјални потреби. Бил оженет за богата жена трговка од Мекка, по име Хатиџа, 15 години пред да ја добие објавата.
А откако ја добива објавата живее уште поедноставен живот, Според хадисот:
Ријад-ас-салихин, хадис бр. 192 Хатиџа вели: два месеци незапаливме оган во нашата куќа затоа што некористевме храна која треба да се кува.
Мухаммед с.а.в.с јадел само нај неопходна и најобична храна, некогаш пиел само млеко кое му било давано од сограѓаните, оваа не е само постапка на Аллаховиот Гласник, туку е начин на живот кој го практикува, покрај удобностите и материјалните блага кои ги поседувал.
Allah nema da ja promeni sostojbata na eden narod se dodeka toj narod samiot ne se promeni!