ПЕИ со осуда за навредите кон Торбешите
13.03.2011 19:17
Торбешите кои што во Македонија биваат и навредувани и оспорувани, негирани и деградирани по сите основи и човекови норми, деновиве беа и јавно без никаков срам и самопочит, поистоветувани со предавници и криминалци и тоа од личности кои себе си се нарекуваат патриоти и се членови и делегати на политичка партија, која вели дека преродбата на нацијата и демократизацијата на државата се нејзина агенда.
Партијата за Европска иднина, штитејќи ги правата на сите граѓани на Република Македонија, гледајќи во неа мултикултурна, мултиетничка, мултиконфесионална, демократска и европска држава, еднаква со права и обврски кон секој поединец и секоја етничка заедница, ги осудува настаните иницирани од така наречени патриоти, кои што не знаат или не сакаат да знаат, дека државата се сака и почитува со дела, а не со излишени фрази и празни зборови, со вистинска љубов, а не со лажни емоции, со искрена почит кон другиот а не со фрустрации, со кој што сакајќи да навредиш некој друг, се навредуваш самиот себе си.
И да биде трагедијата уште поголема, никаква осуда ниту прекор од матичната партија на „Големиот патриот“, кој што не кажа со која работа, труд и саможртвување за државата, го заслужил тој атрибут и епитет?!
Молчењето од страна на засегнатите страни, како и не реагирањето на надлежните органи, не може да се разбере поинаку, освен како поддршка на искажаните ставови.