Author Topic: RECEPTI OD REKANSKIOT KRAJ  (Read 13396 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline MARIAM

  • Avarage member
  • ***
  • Posts: 55
RECEPTI OD REKANSKIOT KRAJ
« on: March 09, 2009, 22:07 »
 
Солени јадења




Речка пита

Потребни состојки:
– 1 кг брашно
– 1/2 л млака вода
– 2 лажици сол
– масло за јадење
Фил:
– 300 г сецкани ореви

Начин на подготовка:
Тестото се замесува од 1 кг брашно, 500 мл млака вода и 2 лажички сол. Тестото се меси сè додека не се изедначи смесата. Потоа, тестото се дели на 16 топчиња кои се покриваат со чиста крпа да стојат 10 мин.

Топките се развлекуваат со сукало и се премачкуваат со масло.

4 сукани кори се ставаат една врз друга на чаршаф и од нив се развлекува со раце една кора, што е можно поголема. Истата се попрскува со масло и сецкани ореви и се превиткува во облик на квадрат.

Следната кора се растегнува и се попрскува со масло и сецкани ореви и во средина се става предходно направената кора и повторно двете се превиткуваат во облик на квадрат.

Иста постапка се повторува и со останатите две кори, додека не се добие саканата големина (рецептот е за голема тава).
Се пече околу 40 минути на температура од 200 степени.

Просторијата во која се подготвува питата треба да е затоплена.


Offline MARIAM

  • Avarage member
  • ***
  • Posts: 55
Ynt: RECEPTI OD REKANSKIOT KRAJ
« Reply #1 on: March 09, 2009, 22:10 »
Грав кораник

Потребни состојки:
– 1 кг брашно
– 1/2 л млака вода
– 2 лажици сол
– 300 г растителна  маст (маргарин)
Фил:
– Филот се подготвува од веќе сварен и зачинет грав од кој е извадена водата

Начин на подготовка:
Тестото се замесува од 1 кг брашно, 500 мл млака вода и две лажички сол. Тестото се меси сè додека не се изедначи смесата. Потоа, тестото се дели на 36 топчиња кои се покриваат со чиста крпа да стојат 10 мин.

Топките се развлекуваат со сукало и се премачкуваат со масло.

4 сукани кори се ставаат една врз друга на чаршаф и од нив се развлекува со раце една кора која се става во тепсија и се пече 3-4 минути на температура од 200 степени.

Истата постапка се повторува со уште 9 кори.

Запечените кори се ставаат во тепсија, се премачкуваат со маст и се додава филот од грав на секоја трета кора.

Кога сите кори ќе бидат употебени се сечат на парчиња (во облик на баклава или коцка) и се печат околу 20 минути на температура од 200 степени.

Offline MARIAM

  • Avarage member
  • ***
  • Posts: 55
Ynt: RECEPTI OD REKANSKIOT KRAJ
« Reply #2 on: March 09, 2009, 22:11 »
Пита со праз

Потребни состојки:
– 1 кг брашно
– 1/2 л млака вода
– 2 лажици сол
– масло за јадење
Фил:
– 3 страка праз
Филот се подготвува од 3 страка сецкан праз кој се пржи на зејтин. На испржениот праз се додава една лажица брашно и малку сол.

Начин на подготовка:
Тестото се замесува од 1 кг брашно, 500 мл млака вода и 2 лажички сол. Тестото се меси сè додека не се изедначи смесата. Потоа, тестото се дели на 12 топчиња кои се покриваат со чиста крпа да стојат 10 мин.

Топките се развлекуваат со сукало и се премачкуваат со масло.

4 сукани кори се ставаат една врз друга на чаршаф и од нив се развлекува со раце една кора и се става во подмачкана тепсија со зејтин.

Истата постапка се повторува уште еднаш.

Двете кори се печат 20 минути на 200 степени. Тепсијата се вади и се става филот од праз и сè се покрива со последната кора која што не е печена.

Се пече уште 20 минути на околу 200 степени.

Откако е испечена, питата се полева со 50 г превриен маргарин или путер и еден филџан вода и се поклопува со крпа да стои уште 5-10 минути на собна температура.

Offline MARIAM

  • Avarage member
  • ***
  • Posts: 55
Ynt: RECEPTI OD REKANSKIOT KRAJ
« Reply #3 on: March 09, 2009, 22:12 »
Сарајлија

Потребни состојки:
– 1 кг брашно
– 1/2 л млака вода
– 3 лажици сол
– масло за јадење
Фил:
– 1/2 кг урда или сирење
– 4 јајца
Во посебен сад се мешаат 500 г сирење или урда со 4 јајца.

Начин на подготовка:
Тестото се замесува од 1 кг брашно, 500 мл млака вода и 3 лажички сол. Тестото се меси сè додека не се изедначи смесата. Потоа, тестото се дели на 36 топчиња кои се покриваат со чиста крпа да стојат 10 мин.

Топките се развлекуваат со сукало и се премачкуваат со масло.

4 сукани кори се ставаат една врз друга на чаршаф и од нив се развлекува со раце една поголема кора, истата се попрскува со масло и фил. Со помош на чаршавот кората се ролува од едната и од другата страна. Потоа ролната се врти во круг и се става во подмачкана тепсија.

Постапката се повторува и со останатите кори кои го дополнуваат кругот во тепсијата сè додека не се пополни целата тепсија. Се пече околу 30 минути на 200 степени.

Offline MARIAM

  • Avarage member
  • ***
  • Posts: 55
Ynt: RECEPTI OD REKANSKIOT KRAJ
« Reply #4 on: March 09, 2009, 22:13 »
Бајрамско месо

Потребни состојки:
– 1/2 кг телешко месо сецкано на покрупни парчиња
– 3 средни главици кромид
– 2 супени лажици црвен пипер
– сол, масло и црн бибер

Начин на подготовка:
Кромидот се сецка на покрупни парчиња и се пропржува на маслото сè додека не добие златна боја. Потоа се додава сецканото телешко месо, 2 супени лажици црвен пипер, сол по желба и црн бибер. Сè се вари сè додека месото не омекне.

Може да се приготвува во земјано или обично тенџере.

Offline MARIAM

  • Avarage member
  • ***
  • Posts: 55
Ynt: RECEPTI OD REKANSKIOT KRAJ
« Reply #5 on: March 09, 2009, 22:14 »
Мазница
Потребни состојки:
– 1 кг пченкарно брашно
– 1/2 л вода
– сол
– 1 дл масло за јадење
– путер

Начин на подготовка:
Во поголемо тенџере се става водата, се додава сол и се чека да зоврие. Потоа, во зовриената вода се става пченкарното брашно во кое што се прави дупка во која се става маслото за јадење. На тивок оган смесата полека се меша сè додека не се изедначи. Се вари на тивок оган и повремено се меша околу 2 часа. Кога е сварено, се меша со дрвена лажица и се става во тепсија. Со лажицата се ситни на што помали грутки. Путерот се преврива и се прелива врз готовата мазница и се меша додека не се добие еднолична смеса.

Offline MARIAM

  • Avarage member
  • ***
  • Posts: 55
Ynt: RECEPTI OD REKANSKIOT KRAJ
« Reply #6 on: March 09, 2009, 22:15 »
Пилав

Потребни состојки:
– 500 гр ориз
– 1 л вода
– 150 гр путер
– сол

Начин на подготовка:
Во зовриена солена вода се става оризот кој се вари со повремено мешање. Кога ќе се свари, оризот се цеди низ цедалка и се става под млаз студена вода. Во меѓувреме, путерот се загрева до зовривање и се става во сварениот ориз, убаво се меша и пилавот е готов за послужување.

Offline MARIAM

  • Avarage member
  • ***
  • Posts: 55
Ynt: RECEPTI OD REKANSKIOT KRAJ
« Reply #7 on: March 09, 2009, 22:16 »
Парена мазница

Потребни состојки:
– 1 кг брашно
– 1/2 л вода
– 500 гр путер
– масло за јадење

Начин на подготовка:
Водата се зоврива. Во брашното се става 1 лажичка сол и се додава зовриената вода и се меша со дрвена лажица.
Откако ќе се олади, тестото се меси.

Се прават 20 мали топчиња кои се развлекуваат со сукало во поголеми кори. Секоја кора се попрскува со масло за јадење.

Корите се редат една врз друга, а краевите на корите се притискаат. Така наредените кори се сукаат со сукало во големина на тепсијата.

Кората се става во подмачкана тепсија и се пече на 200 степени.

Откако ќе се испече, се вадат кора по кора и се сечат (или кинат) на мали парчиња.

Раскинатите кори се враќаат во тепсија, се полеваат со превриен путер и се мешаат.

Се сервира со сирење или кашкавал и јогурт.

Offline MARIAM

  • Avarage member
  • ***
  • Posts: 55
Ynt: RECEPTI OD REKANSKIOT KRAJ
« Reply #8 on: March 09, 2009, 22:17 »
Благи јадења



Млечник

Потребни состојки:
– 1 л млеко
– 5 јајца
– 5 лажици шеќер

Начин на подготовка:
Јајцата и шеќерот се матат додека не се добие изедначена смеса, полека во смесата се додава зовриеното млеко и постојано се меша.

Вака направената смеса се става во округла тава (бр. 30) и се пече на 200-250 степени додека не фати кора.

Offline MARIAM

  • Avarage member
  • ***
  • Posts: 55
Ynt: RECEPTI OD REKANSKIOT KRAJ
« Reply #9 on: March 09, 2009, 22:18 »
Аландити (Валангии)

Потребни состојки:
– 1 кг брашно
– 1/2 л вода
– сол
– путер
– мелени или толчени ореви по желба

Начин на подготовка:
Се замесува тесто од млака вода, сол и брашно како за палачинки. Потоа на плоча (или голем тиган) премачкана со зејтин се става тестото со кутлача и се запечува од двете страни. Испечените кори се ставаат во тепсија и се прскаат со стопен путер и посолена вода по желба. На секоја трета кора се додаваат мелени или толчени ореви. Кога ќе се наредат сите кори, се сечат во облик на баклава и се запечува во рерна.


Offline MARIAM

  • Avarage member
  • ***
  • Posts: 55
Ynt: RECEPTI OD REKANSKIOT KRAJ
« Reply #10 on: March 09, 2009, 22:19 »
Алва со ориз

Потребни состојки:
– 500 гр ориз
– 250 гр путер
– шеќер по потреба
– вода

Начин на подготовка:
Оризот се налева со ладна вода и се остава да стои 15 минути,

Потоа се цеди и се остава да се засуши, со раце се трие оризот за да се искршат зрната.

Во поголемо тенџере се загрева путерот и во него се додава оризот и се пржи на тивок оган сè додека не добие кафеава боја.

Постепено се додава врела вода и шеќер додека иситнетиот ориз не се свари.

Испржената алва се става во чинии со помош на лажица.

Offline MARIAM

  • Avarage member
  • ***
  • Posts: 55
Ynt: RECEPTI OD REKANSKIOT KRAJ
« Reply #11 on: March 09, 2009, 22:20 »
Речка баклава

Потребни состојки:
– 1 кг готови кори (или сукани)
– 600 гр путер
– 200 дл масло за јадење

Фил:
– 1 кг брашно
– 10 јајца
– 1/2 кг мелени ореви

Шербет:
– 2 кг шеќер
– сок од 1 лимон
– 1,2 л вода

Подготовка на филот:
Путерот и зејтинот се загреваат додека не се стопи целиот путер.

Во поголем сад се става брашното и во средината се прави дупка во која се ставаат 10 матени жолчки. Тестото се замесува со повремено додавање на стопениот путер и се меси во потврдо тесто, коешто се дроби во вид на тарана.

Подготовка на баклава:
Се зема една кора и врз неа се става 2-4 големи лажици од претходно подготвениот фил (тарана) и 2-4 големи лажици од мелените ореви. Истото се повторува и над втората и третата кора.

Трите кори се виткаат во ролат и се сечат на парчиња од 4 см.

Парчињата се редат вертикално во подмачкана тепсија.

Откако ќе се наполни тепсијата, над секое парче баклава се става по една лажица од преостанатиот путер.

Баклавата се пече 2 часа на температура 100-150 степени.

Подготовка на шербетот:
Во тенџере се ставаат 2 кг шеќер и 1,2 л вода да зоврие. Откако ќе зоврие шербетот, се додава сокот од лимон.

Печената баклава се полева со шербетот.

Забелешка:
Кога се полева, баклавата и шербетот треба да бидат млаки.
Баклавата е готова за служење откако ќе стои неколку часа.