Арапскиот збор користен во куранот за (плови) е Јесбехун – плови, ротира, се движи, Овој (ајет) дава објаснување дека се што е во вселената плови дури и сонцето, но на училиште го тврдеа спротивното, и сега се доаѓа до прашањето, дали Куранот има научна грешка или пак науката имаше теорија а не факт?
Елхамдуллилах, науката во тоа време имаше теорија, а денес има факт и го докажа тоа што Куранот го изјави пред 14 векови, дека за време од 25 дена сонцето прави една ротација (движење) околу својата замислена оска, и ако имаме моќен телескоп можеме сонцето да го донесеме на маса и да го набљудуваме, и ќе забележиме дека сонцето има една црна точка во средината, и таа точка за да се врати на истото место потребни и се 25 дена, што докажува дека сонцето ротира околу својата замислена оска.
... И Се што е живо Ние од вода го создадовме. Не веруваат ли? Сурах Ел Енбија 21 (ајет 30)
Куранот пред 14 векови вели дека се што е живо Ние од вода го создадовме, денес науката ни кажува дека секое живо суштество на земјава, во себе содржи од 50 до 80% вода.
Па кој извор има Куранот ако размислувате?
Замислете во пустината на Арабија.., кој би можел да помисли дека се е створено од вода? Ако Мухаммед с.а.в.с погодувал, ова никогаш не би можел да го погоди, се би му паднало на памет, но дека се е од вода?..
Одлучете самите колку ова е возможно.
И после сите овие презентирани докази, Атеистот е знемен, неможе да отвори уста повеќе, затоа што тој беше човек кој верува во наука, па еве му дадовме наука од Куранот,