Аллаховиот гласник Мухаммед с.а.в.с е последниот пратеник испратен од Семоќниот Господар, пратен до целото човештво, испратен како милост на световите, како што веќе напоменавме, и објавата испратена до него (Куранот) е испратена за сите времиња и за сите народи, за сите светови.
Куранот вели: И Ние те исративме само како милост на световите! (Сура Ел Енбија 21 ајет 107)
Како и сите Аллахови гласници, почестени од Аллах со Муџиза (чудо) така и Мухаммед с.а.в.с е почастен со Куранот кој всушност е чудото кое му е дадено на Мухаммед с.а.в.с.
Зашто оваа објава, Куранот, е чудо?
Затоа што е потврдена да биде чудо пред 14 векови, и после 14 векови во денешно време може да се докаже, испита дека е чудо, и во времињата што следуваат и за секогаш!, што уште докажува дека е и последна објава, затоа што може да биде испитана и потврдена во сите времиња, луѓето од сите времиња можат да живеат според Куранот кој е патоказ кон вистината. кратко речено Куранот е чудо над чудата!!!
Ние муслиманите во хадисите (искажани зборови или дела од Мухаммед с.а.в.с бележиме и веруваме и во други чуда (Муџиза) невообичаени појави, но тие појави се за тоа одредено време и за тој одреден народ, и во денешно време не можат да се повторат нити да се докажат, како што е случај со Куранот!!!
Иако некои од нив се потврдуваат во денешно време, како што е примерот со месечината: кога една група од луѓе во времето на Мухаммед с.а.в.с бараат од него да им предочи чудо за да поверуваат дека он е Аллахов гласник , па посакуваат од него да ја раздели Месечината на два дела, па ако успее ќе поверуваат,
Мухаммед с.а.в.с упатува молба до Аллах с.в.а и со Аллахово одобрение Месечината се разделува на две половини за одредено време, кога групата го видела тоа, веднаш го обвинила на Мухаммед с.а.в.с дека он е сихирбаз (маѓепсник, волшебник) Еузубиллах, па поставуваат уште еден услов, и велат: Да испратиме луѓе да отидат во пустината па да ги запрашаат тамошните луѓе, дали и тие виделе исто што и ние овде? Така и прават, испраќаат луѓе во пустината и ги прашуваат на луѓето дали забележале нешто невообичаено, тие одговараат дека виделе како Месечината се разделила на две половини, едната половина на едната страна од неботоа, а другата на другата страна од небото, па овие непријатели на Мухаммед с.а.в.с повторно имаат изговор викаат и нив ги маѓепсал (неузубиллах)