Аллах продолжува и во Сурах Ел Бекара, го олеснува уште повеќе овој тест!
Ако сте при сомневање до она што е објавено до робот Наш, тогаш, донесете едно суре што ќе биде слично на нему објавените , и повикајтеги за сведоци оние на кои , освен Аллах, се повикувате доколку вистина зборувате. 24 Па, ако тоа не го направите, а нема да го направите, тогаш, навистина, чувајтесе од огнот кој за неверниците е подготвен, чие што гориво се луѓето и камењата! (Сурах Ел Бекара 2 ајет 23-24)
Аллах овој тест постојано го олеснува за луѓето, прво вели: Нека донесат говор сличен на Куранот, потоа донесете десет суриња слични на сурињата од Куранот потоа вели: Донесете едно суре слично на Куранот и во последниот случај вели: донесете суре да симулира да биде приближно слично на сурињата од Куранот, Арапскиот збор користен за слично е мисли а во Сурах Ел Бекара Аллах вели мим мисли приближно слично.
И потврдно вели дека нема да донесат, исто како во случајот со Еби Лехеб, и случајот со евреите ,во подполно иста ситуација , Аллах ги предизвикува сите луѓе кои се сомневаат во Куранот, па нека повелат сите оние кои се при сомнение!
И немуслиманите Арапи се чувствуваат мизерно!
Не дека не се обиделе, се обиделе и тоа многу пати, но секој од тие обиди завршил со неуспех, еден од нив е една книга напишана како одговор на предизвикот даден во Куранот, и на самиот почеток се поништува се, а зашто?
Затоа што почнува вака: Бисмиллахир рахманиррахим, вака почнуваат сурињата во Куранот, што значи дека е копија а не одговор на предизвик...
Аллах с.в.а го дава својот збор дека луѓето сигурно нема да донесат такво суре, а од досегашните безуспешни обиди, од луѓето кои се обиделе, знаат дека навистина неможат да донесат, и подполно немоќни се во тоа.
Во Арабија живеат повеке од 14 милјони арапски христијани, кои се родени таму, Арапскиот јазик им је мајчин јазик, и никој од овие христијани не одговорил на овој предизвик даден во Куранот пред 14 векови, не одговараат ни денеска, а нема да одговорат ни во иднина (ИншаАллах)
Но сега размислувате дека ова е само за арапите, а не и за нас! па како можеме ние да одговориме кога арапски не ние мајчин јазик?.............