Насрадин оџа имал крава која за ништо не бидувала.Еден ден женаму му рекла да ја одведе кравата на пазар и да ја продаде.Кога оџата ја однесол на пазар почнал да вика колку што може:
-Оваа крава за ништо не ја бидува,несака на време да се тели,а кога ќе се отели не може ниедно теле да го нахрани.Млеко дава сосема малку.
Насредин оџа така ја грдел својата крава колку што можел,само вистината ја кажувал,знаел дека лагата е харам.Кога луѓето слушнале што кажува, никој не ја погледнувал кравата.Тогаш дошол еден негов комшија и на уво му шепнал:
-Зошто така зборуваш за кравaта,да се помрдна од умот,немој да ја грдиш кравата така никој нема да ја купи,него дај ми ја ти мене кравата да видиш како се продава,а ти сокрисе и не излегувај,за да не ја препознаат дека е твоја.Неговиот комшија почнал да вика:
-Еве една добра крава,се тели кога млекото е најскапо и дава многу млеко.
Тој многу ја фалел кравата,а околу неа почнале да се собираат многу луѓе.Тогаш излегол Насрадин оџа и извикал:
-Па ако кравата е толку добра,нема да ја продадам!
Ја зеде кравата од комшијата и ја однесе дома.