prodolzhenie:
Другиот ден момчето пак торгнало да ојт некаде. Сакало да бара стреќа. Си мислело дека коде било мојт да го услужит некоја стреќа. Торгнало момчето покрај една река. Оди, оди покрај реката и н' едно место, близу еден вир, ке еден вител од реката, на еден поголем камен, стои отаде река еден чоек. А позади, пак, имало некој волк и тој бил готов да скокнит и да го раскинит чоекот, да го изејт. Го гледат момчево чоекот како стојт таке замислен и му викат:
- А, бре пријателе, што прајш туе, што прајш?! He чуди се! Бегај од туека, гледаш - позади има еден волк, ќа те изејт. Бегај, коа ти велам, спаси се!
И, чоекот тога веднош скочил во вителот - шклум. Го снемало вчас. Како да не бил туека. А и волкот се исплашил и фатил низ орманот нагоре. Потоа момчето пак си продолжило покрај реката. Си ојт таке и си размислуват за стреќата. Си мислит сеа кој знајт каква стреќа ќа му излезит. Кога гледат пред себе, во едно вирче покрај реката се порпелкат една риба.
- Што е, мори рибо - велит - што не си ојш во реката? Што се мочиш туе, што се порпелкаш таке?
- А, море момче, и мене не ми е ове убо, ама ете, помина една бура, ме исфорли настрана и одвај останав жива.
- Немај гајле, мори рибо - је рекло момчето. - Еве, ја ќа ти помогна. He плаши се од мене.
Је зело со рока и је форлило во водата. Кога се нашла рибата во водата, се доближила до брегот, је поткренала глата и му рекла, му прозборвела со рибин јазик, а момчето го разбирало јозикот од рибата.
- Ти мене ме спаси - му велит рибата. - Многу ми помогна. Туе ке што бев отфорлена, ја ќа погинев. Ќа ме изедее чорви или некој, дури ќа бев жива, ќе ме најдеше и ќа ме форлеше в тава, ќа ме испоржеше. Таке, ете таке ќа загинев. Ќа загинев некако, ама тие благодара, ми го продолжи жиотот. Ти ме спаси. Но, сакам да ми кажиш, што бараш од мене. За добрината што ми је напрај и ја сака да ти спомогна, да ти дада нешто.
- Е, мори рибо, ти се чуда што зборвиш - је велит момчето. - Што можа да бара од тебе, ти си риба, живееш во водата.
- Mope, барај, барај. Барај што сакаш. Ама да ме слушаш, да го сметаш за важно ове што ти го кажва, ја ќа ти дада една перка. Ела кун ваму, навали се малу.
И, ове се навалило. Тога рибата откинала една перка од себе и му је дала. Потоа му рекла:
- Да знојш, ти требит да знојш што да прајш со ова перка. Коа ќе се најш во некоја мока, кога ќе се најш во некоја теснина, кога ќа се најш во некоја преголема незгода или кога ќа сакаш да дојш до нешто убо, ти перкава чукни је меѓу две каменчиња и ја тога ќа ти се јава. Ти само дојди покрај рекава, чукни ја перкава меѓу две каменчиња и ја, коде било да бида, ќа слушна и веднош туе ќа дојда.
- Добро, рибо, добро, штом си намислила таке, таке нека бидит. Еве, ќа те послуша, ќа је зема перкава.
prodolzhuva..