Author Topic: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL  (Read 180884 times)

0 Members and 6 Guests are viewing this topic.

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #210 on: February 08, 2012, 23:35 »
Protestot na muslimanite (pretezhno Torbeshi) od strushki Drimkol(Labunishta,Oktisi,Podgorci,Borovec...)
Protestot beshe protiv navredite i skvernavenjeto na Islamot i svetata kniga Kuranot od strana na nekoi ucesnici hristijani na vevcanskiot karneval.

Eve ja provokativnata i uvredliva snimka od maloumnite pagani na karnevalot:(go povlekov klipot poradi gnasotijata koja beshe prikazana!)


Eve go protestot na muslimanite:
Strugada,Vevcani Karnevalinda Kuran'i Kerim ve Islama karsi yapilan hakareti protesto etti

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh

Offline EvroPOMAK

  • Global moderator
  • ****
  • Posts: 1410
  • Gender: Male
  • POMAK - POMAKY
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #212 on: February 09, 2012, 11:09 »
От така видяното изглежда, че този "Вевчански фестивал" е повече сборище на "хомосексуалисти", , "педали", "гейьове" и разни други такива подобни почитатели на еротичното и окултното!  ::) ??? ;D ;) 

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #213 on: February 17, 2012, 20:09 »
Доверба, взаемна почит и разбирање

Првите денови на декември од оваа 2011 година, барем за мене, минаа во знакот на три актуелни збиднувања. Прво. Семинарот во Охрид на тема “ Подобрување на меѓуетничкоит дијалог и соработка меѓу заедниците“, во организација на Центарот за човекови права и разрешување на конфликти (ЦЧПРК) и Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј“- Скопје, Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања Скопје (ИСППИ), заедно со УНДП, одржан на 2 и 3 декември во хотел Конгресен центар, на кој што учествував, како претставник на Торбешката заедница и како претседател на здруежението “ Румелија Торбешки културно-научен центар“. Второ. Комисиската расправа за буџетот на Р. Македонија во која, покрај другите пратеници, активно учествуваше и мојот биразер, генералниот секретар на Партијата за европска иднина и пратеник, Мевмет Џемајлоски. И трето. Медиумското внимание во пресрет на пресудата на Хашкиот трибунал во судскиот процес “ Македонија против Грција“, која се очекуваа да ја чуеме денес 5.12. 2011.

Овие три настани, иако немаат некаква заедничка поврзаност, ќе се обидам да ги “поврзам“ со два збора, кои често беа споменувани на семинарот, а мислам дека се клучни и од суштинско значење за многу други состојби и настани, па и за споментиве три. Тие два збора се: “доверба“ и “взаемна почит“. Јас би додал и трет, “разбирање“.
Тие, во секојдневниот говор често споменувани збора, но во пракса често “отсутни“, при предавањата на семинарот беа споменувани како клучни и мошне значајни во “разрешувањето на кризи и конфликти“-темата на семинарот, на која предавања одржаа, проф. др. Мирјана Најчевска, раководител на проектот и проф. др. Петар Атансов.

Значи ако секоја страна во еден конфликт цврсто стои на своите ставови без да се има обзир кон другиот, инаквиот и различниот од себе, ако се нема разбирање за проблемите на другата страна, ако се нема почит кон другиот, инаквиот, различниот од себе, во тој случај нема решение за проблемот, спорот и конфликтот. Во тој случај има само статус qwo состојба, продлабочување и ескалација на конфликтите и недоразбирањата.

За жал, таква беше, и во таква, атмосфера на немање доверба и взаемна почит и разбирање, и така помина комисиската расправата за буџетот на Р. Македонија. Имено од над 400 амандмани на опозицијата, од страна на Владата на Р. Македонија не беше прифатен ниту еден! Не ги сметам оние два/три амандмани од кои едниот е предложен од пратеник на Владата и тој од пратениците - жени кој беше изгласан од пратеничките од “двата табора“, иако овој вториов со кој се бараше да се обезбедат средства за вработување на социјални работници, дефектолози и логопеди, во центрите за социјални работи, заслужува внимание, а Бога ми и почит! Затоа што народните избраници од понежниот и поубавиот пол имале повеќе разбирање почит едни кон други за проблеемите кои ги тангираат. Аферим за жените! Уште еднаш покажаа дека се поголеми “мажи“ од мажите!
За разлика од понежниот пол, пратениците од посилниот пол, не го оправдаа епитетот “посилен пол“. Тие, не само што немаа доверба, разбирање и почит кон амандманите на своите колеги од опозицијата, немаа разбирање и почит кон проблемите кои се насушна потреба на граѓаните, вклучувајќи ги тука сите граѓани, значи и оние кои гласале за позицијата (ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ-BDI). Патиштата, водоводите, канализациите, болниците, амбулантите и другите инфраструктурни објекти, биле, се, и треба да бидат насушна потреба на граѓаните. Но народните избраници од позицијата немаа раззбирање и почит кон тие што ги избрале. Не се покажаа како “мажи“, како своите колешки од понежниот пол, барем еднаш да кренат рака и да изгласаат, макар и еден амндман. Единствениот кој се покажа како “голем маж“ беше заменикот министер за финансии г. Недим Мемишоски-Рамизи од Лабуништа. Тој на сите амандмани одговараше онака “машки“, непоколебливо, цврсто, достинствено и одлучно: “Амандманот не се прифаќа“! Ич немаше ни разбирање, ни доверба ни почит кон потребите на граѓаните уште помалку кон пратениците. Но, “не плукај нагоре, ќе ти падне на очите“-вели една народна. Се најде и еден пратеник кој немаше разбирање и почит кон него! Пратеникот од опозициската ДПА-PDSH, Зијадин Сеља, во една дискусија го нападна во стилот “велем ти го ќерко, дошикуј се снао“, или онаа босанската, “да се власи не сете“, алудирајќи на неговото неалбанско, односно торбешко, потекло.

Имено, заменикот министер, освен иритирачката фраза, “амандманот не се прифаќа“, не ги удостои пратениците со некакво образложение или коментар, зошто не се прифаќа. Немаше доверба, разбирање и почит. Исклучок од тоа направи единстено кон амандманите на пратеникот од ПЕИ, Мевмет Џемајлоски, и тоа не кон сите, туку кон оние кои се однесуваа на торбешките населби, особено оние од Струшки Дримкол, Октиси, Подгорци, Лабуништа и Боровец, со кои се бараше да се обезбедат средства од буџетот на државата за поправка, изградба и доградба на водоводни, канализациски системи, патишта, амбуланти, болници и други инфраструктурни објекти. Тука заменикот министер, ни крив ни должен се најде “како магарето меѓу пастујте“-што вели народот или во дилемата “змија или магаре“! Јасно беше и на врапчињата дека не смее да прифати ниту еден амандман, таков е ставот. Не на неговата ДУИ, туку на ВМРО-ДПМНЕ, на министерот Ставрески и на премиерот Груевски. Нема прифаќање на амандмани! Ниту од СДСМ, ниту од ДПА а камоли од ПЕИ- тие, “Торбеши“ и “предавници“-кои беа жигосани и анатемисани уште на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола!
Можеби и сакал да прифати некој амандман, барем јас верувам во тоа, ако не од солидарност кон Торбешите, ако не од локал-патриотски причини, ако не за инает на ривалската и кинкурентска ПЕИ, тогаш барем од долг кон Лабуништа, заради континуираната поддршка на неговата ДУИ која, патем речено, неколку изборни циклуси, покрај другите лажни ветувања, изборите ги добива токму на ветувањата за изградба на нова болница во Лабуништа! А старата, изградена во далечните 60/70-ти години, од некогашниот инвентивен ентузијаст, вевчанскиот лекар, Цвете Чочороски денес повеќе личи на напуштена караула од Втората светска војна одколку на современа болница! Лабуништа (не)го заслужува ова! Но, заменикот министер, иако “не го прифаќа амандманот“, ни тој за Болницата во Лабуништа ни другите, за Октиси, Боровец и Подгорци, ама, како што спомнав, единствено тие амандмани се обиде да ги прикоментира, барем. Крвта не евода, велат старите! Арно ама, тоа го иритираше пратеникот на ДПА, г. Зијадин Сеља, кој од своја страна се најде повреден, затоа што, според него, заменикот министер, бил пристрасен, и имал дискриминирачки однос кон другите пратеници (неТорбеши), особено кон пратениците Албанци, на чии амандмани не давал никакво образложение! И тој Сеља, ич да ти немал доверба, разбирање и почит!

Така, додека го пишувам ова, веќе наближува времето на вклучување на медиумите во судницата на Хашкот трибунал кој треба да ја обзнани пресудата во случајот “Македонија против Грција“. Резултатот, за многумина очекуван. Грција ја прекршила Времената спогодба. И формално го прекршила ставот 2 од член 11 на Времената спогодба, со попречувањето на влезот на Р. Македонија на Самитот на НАТО во Букурешт. Така пресудиле хашките јуристи и тоа со убедливи 15:1. Вака пренесуваа нашите медиуми кои во живо го следеа извештајот од Хаг. Многу од нив имаа свои репортери на плоштадот очекувајќи “спонтано собирање на граѓаните“! Дури една новинарка збунето се чудеше зошто сеуште нема прилив на граѓани?! Еуфорија?! Белки очекуваше нешто слично како за време на Европското првенство во кошарка? Во таа насока беше и изјавата на министерот за надворешни работи Никола Попоски: “За само три месеци Грција повторно изгуби со 14 поени разлика, но овој пат разликата не беше во кошеви туку во гласови на еминентни меѓународни судии. Најверојатно само еден од судиите беше на страна на Грција“. За разлика од него, пораанешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, даде една мудра изјава: “Во Букурешт изгубивме со аргументот на сила а овде победивме со силата на аргументот“. Навистина Грција воопшто немала доберба, разбирање и почит кон Македонија. Тоа, впрочем го потврди и Хашкиот суд. Но, дали ние, дали Р. Македонија има доверба, почит и разбирање кон Грција? Дали воопшто некој на Балканов има почит кон другиот некој?
Искрено ме радува фактот што во Скопје не се случи “спонтано собирање на народот“ и што изостана еуфорично и провокативно славје на кое би се пееле песни за Солунско поле, и клетите Грци, за гасни комори за Албанците, за клетите Турци, итрите и лицемерни Власи, предавниците Торбеши и тн. Можеби на тоа влијаеше и изјавата на премиерот Никола Груевски кој повика “да нема триумфализам и еуфорија по пресудата во Хаг, бидејќи нема поразени и победени во процесот, туку пресудата да се искористи за продлабочување на соработката и евро интеграциите на Република Македонија.“ Нема место за еуфорија!

Место за еуфорија нема затоа што во исто време судот го отфрли барањето на Македонија и не донесе одлука со која на Грција ќе и се забрани повторно да го прекрши членот 11 од Времената спогодба, односно при наредната можност за прием на Македонија во НАТО или ЕУ да не стави вето! Затоа што “Грција и по одлуката од Хаг останува на своите позиции – “името мора да се реши“ – соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер. „Потребно е да се дојде до заемно прифатливо решение за да се нормализираат односите меѓу двете соседни земји, а континуираните провокации не придонесуваат за зајакнување на добрососедските односи и градење на меѓусебна доверба“- порачува Лукас Пападимос, премиер на Грција.

Затоа што медијаторот Метју Нимиц, веднаш по одлуката на Хашкоит суд излезе со соопштение во кое се вели: “„Одлуката на Меѓународниот суд на правдата, соопштена денеска во врска со Времената спогодба од 1995, заслужува внимателно проучување од двете влади. Јас бев во комуникација со двете влади во последните денови и ги поттикнав да гледаат на овој настан како на можност да размислуваат конструктивно за нивните взаемни односи и да ја имаат предвид обновената иницијатива да постигнат дефинитивно решение на прашањето за името“. Затоа што само еден час по соопштувањето на пресудата на Меѓународниот суд, амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс и известувачот за Македонија во ЕУ, Ричард Ховит упатија порака до властите во Скопје и во Атина дека треба да ја искористат шансата за решение на долгогодишната препрека, оставајќи ја зад себе непријателската атмосфера од судницата, а во името на НАТО, американскиот амбасадор во Македонија порача: “Македонија може да стане членка на НАТО кога ќе се реши проблемот со името“
Од сите овие причини, а и од многу други што не се овде спомнати, подобро би било наместо еуфорија и однос “пораз-победа“, да се сврти вниманието кон добербата, взаемната почит и разбирањето. Како на надворешен план така и на внатрешен. На надворешен план, НАТО, ЕУ и др. меѓународни факторри да не ја уценуваат Р. Македонија. Грција да не ја попречува Македонија при апликациите за членство во меѓународните организации, ама и Македонија да не и го “пика прстот во око“ на Грција и тн. Значи, да се има доверба, взаемна почит и разбирање.

Но, ми се чини дека, многу поефикасно и позначајно ќе биде ако овие три збора кои “отвараат секоја врата“, ги примениме внатре во државата. Не само заради народната “прво сопствениот двор“ и онаа “мир во земјата – мир во светот“. Довербата, вземната почит, и разбирањето, и тоа како, се отсутни од секојдневието во Македонија ! Отсутни се на религиски план (христијани- муслимани), на етнички ( Македонци-Албанци, од една страна а двете големи спрема сите други помали заедници, од друга) , на политички (Вмро-СДСМ, а овие спрема помалите партии од , “македонскиот блок“, и ДУИ-ДПА, а овие спрема помалите партии од “албанскиот блок“), на географски план ( исток наспроти запад, Скопје наспроти внатрешноста), на социјален план ( во Македонија се повеќе се повеќе се зголемува јазот помеѓу новокомпонираните богаташи и сиромашното население за сметка на средната класа која исчезнува) и тн. и тн.

Од особена важност е односот на државата кон тн. помали заедници, и тие од Преамбулата на Уставот, но особено кон оние кои сеуште се водат како “други“. Нека ми простат другите, но овде ќе ги спомнам Торбешите, Египќаните и Црногорците. Еве зошто. Заради игнорантскиот однос на джавата и заради асимилаторските амбиции на поголемите заедници и партии, заради вработувањата ( особено по Охридскиот рамковен договор), и др. привилегии на поголемите, дури и заради одбивност кон асимилаторите, луѓето од овие заедници своите фрустрации ги лечат така што го менуваат, не само партискиот ами и “етничкиот дрес“! Црногорците со српски, Египќаните со ромски, во помала мера со албански и др. а Торбешите со турски, албански, во поново време и со бошњачки дрес. За волја на вистината има и такви Торбеши кои не го симнале “македонскиот дрес“, како на пример Жировница и пошироко во Река. Но ако некој мисли дека тие се цврсти во својата увереност се лаже! Истите тие кои во вреемето на СДСМ и Бранко “животот го даваа Бранко не“, сега се поголеми ВМРО-вци, од Никола и Љупчо заедно! Нека беа под општина Гостивар или Дебар со “градски татко“ Албанец , а да не беа енклавата Маврово-Ростуше и националнио парк “Маврово“, друга песна би пееле!
Овие “други“ заедници а особено Торбешите, или поточно дел од овие заедници се принудени на ваков, лицемерен однос и кон државата и кон “поголемите браќа“, би рекол нездрав, лицемерен однос, однос, кој пак од друга страна, го предизвикува гневот кај огромнотто мнозинство од населението кое со индигнација го отфрла и осудува таквото “лицемерире“ , не го разбира и не го прифаќа. Тука, во таа грмушка, “лежи зајакот“! Во отсуството на доверба, взаемна почит и разбирање !

Почитувањето на законите не го споменувам затоа што тие и така се кршат, ако сте на власт, и не се почитуваат. На пр. УЈП открила прекршување на законот кај А1 ТВ и направи невидена афера, “Пајажина“ и се живо испозатвара. А истата А1, на дело го фати директорот на УЈП, г. Горан Трајковски како прекршува закон и, никому ништо! Станува збор за оној, истиот, Горан Трајкоски кој, кога се случуваше полициската опсада на зградата на “ Перо Наков“, шеташе по провладините телевизии и не уверуваше дека А1 не е предмет на истрага,Доверба, взаемна почит и разбирање

иако тој би сакал да е! Се испостави дека, или лажел или државвните институции работат според нечии желби! Во случајов, според неговата! Истиот тој беше фатен на дело како пуши во канцеларија па “ни лук јало ни лук мирисало“! За него не важат законите ?! Или случајот “750.000 евра во пластично шише“, или ширењето на верска, расна и национална омраза, така мислам во законот се дефинира, иако тој би сакал да е! Се испостави дека, или лажел или државвните институции работат според нечии желби! Во случајов, според неговата! Истиот тој беше фатен на дело како пуши во канцеларија па “ни лук јало ни лук мирисало“! За него не важат законите ?! Или случајот “750.000 евра во пластично шише“, или ширењето на верска, расна и национална омраза, така мислам во законот се дефинира, кривичното дело, кое го стори делегатот на ВМРО на конгресот во Битола, кога новинарките на “торрбешката“ Тв. А1 ги нарече предавници и Торбеши. Дело за кое, не само што не одговараше туку ни владеачката ВМРО не почувствува потреба да превземе некакви мерки или, барем, да се огради од фашизоидните и националистички изјави на својот делегат. Да не зборам за “преименувањето“ на свинскиот грип АH1N1 во “торбешки грип“ А1 А2, за “торбешките тулумби“ на Јанко и другите “торбешки дребулии“ на Миленко и Латас, упатувани кон сопственикот на А1, Велија Рамкоски кој пак за чудо и не се декларирал како Торбеш! Кому му е гајле како се декларираш, се знае овде кој е кој, Македонија е мала.
Велат, ем Торбеш, ем многу ја “дигнал главата“, ја меркал премиерската фотелја. И да е така, ништо страшно. Имало Торбеши и “поголеми глави“, војсководци, генерали, паши, мудериси, дури и султани! Енвер Петровци од Преспа, Истреф мудерис од Лабуништа, Мехмед Алија- големиот Мехмед Али Паша Кавалали, султанот од Египет и тн., се до Мустафа Кемал-Ататурк од Голо Брдо! Ама, тие, и многу други, знајни и незнајни, станале “големи глави“, не во Македонија туку надвор. Овде се нема доверба, почит и разбирање кон Торбешите. Овде владее стереотип за Торбешите како “предавници“ кои за торба урда, брашно или не знам што, “ја продале верата им прадедовска“ и како такви сега можат да прават само бурек, алва и тулумби, салеп, боза и лимунада и со торба да продаваат леблебии, семки и сончоглед или да гурбетуваат по јабана! А кренат глава повисоко, одма сабјата и сечи! Секаков обид на политичко или друго организирање на Торбешите, не само што не наидува на доверба, почит и разбирање, туку е изложено на сомнежи, сатанизации и напди.

Така беше во почетокот на деведесеттите со СДА, така беше кон крајот на деведесеттите со Муслиманско-демократската партија, така е и сега со Партијата за европска иднина. Само напади и сатанизации! Интересно е тоа што, во овие напади и сатанизации, “коловоѓи“ се самите Торбеши, или, како се нарекуваат самите, “исламизирани Македонци“, и(ли) “Македонци -муслимани “. Би ги издвоил, равметлија (покоен) др. Нијази Лимани- Лиманоски, претседател на “Културните манифестации на Македонците-муслимани“, Љатиф Исмаили- Пајкоски, поранешен пратеник и Исмаил Бојда, претседател на “Сојузот на Македонците со исламска религија“.“Ко ќе коме ако не свом своме“, вели една народна! Да не го испуштам овде и равмелија (покоен) Саме Лимани-Жарновски, авторот на, и ден-денес, толку (зло)употребуваните стихови “не викајте ме Торбеш“, кои се користат како “научна литература“ во докажувањето дека Торбешите не треба да бидат Торбеши! Нему, извесни политички и научни кругови, толку му се восхитуваа, го почитува и величеа, што дури го нарекоа “македонски Бајрон“! Но сето тоа, изгледа не било вистинско. Така барем, во една прилика, ме уверуваше еден мој пријател од Река, кој, колку што имал почит кон Саме, толку имал и гнев кон истите тие политички и научни кругови кои не нашле за сходно ни на џеназе (погреб) да му присуствуваат и да му искажат почит!

“Им бевме добри кога работевме за нив. А глајте навалени“-ми рече со тивок глас, глас кој ја манифестираше неговата разочараност.

“ Навалена гла, сабја не сечит“,-Така велат нашите стари“ - му реков, не зашто ја сакам оваа инфериорна и утешителна народна мудрост. Ич не ја сакам. Повеќе за да го ублажам неговиот гнев и револт.
“ Да, така е... ама јас друго ќе ти кажам. Чуму ти е навалена гла?! Гледаш што му направија на Велија? Кога беше со нив добар им беше. Направи споменик на Крсте Мисирков , после го промовираше на секаде низ Македонија. Преку фондацијата “Рамкоски“ спонзорираше се и сешто, Стефан Влахов, акдемиците, мостот и пешачката патека од Св. Софија до Св. Јован Канео во Охрид и тн. Сега ? Го затворија, го прогласија за криминалец! Се плашам и за Фијат. И тој ја крена главата и им рече “не“! Ме радува тоа, ама и ме плаши! Ако победи ВМРО, лошо му се пише!“- Со помешани чувства ја заврши својата исповед мојот пријател од Река.

Колку “пророчка“ и предвидлива беше исповедта на пријателот, денес ја знае целата македонска јавност. Случајно или не, има една чудна симболика во случајот “рушење на Космос“! Токму на првиот ден на месец Рамазан и во очи на најголемиот македонски празник Илинден, започна спектакуларното рушење, односно минирање на можеби најголемата инвестиција во Македонија, “Космос“, вредна над 60 милиони евра! Била едно метро и триесет сантими повисока од котата на улицата која и не постоела! Требало да се гради подоцна и тоа на сметка на инвеститорот на Космос - фирмата Фине - во спопственост на г.Цаноски! Можеби ќе прозвучи иронично, ама ова “мириса“ на некаков реваншизам кон “клетите Турци“, кои, на времето кога давале дозвола за градба на цркви, “барале тие да бидат метро и нешто под земја“, за да не биле повисоки од џамиите“!

Датумите одлично се вклопуваат во таа шема. Ем Рамазан ем Илинден! “Честитка“ за еден “ем муслиман ем Македонец“, кој “се дрзнал да го поткопува македонското национално ткиво и бара нова нација- Торбеши“! Годината исто така. Уште поголема иронија е тоа што цела година помина во знакот на реклами за “легализација на дивоградби“! Легализираме дивоградби а рушиме “космички“ футуристички модерни и скапи градби! Да не зборуваме за кордонот од специјалци, поголем и поригиден од оној при “опсадата“ на А1. Таму барем беа пропуштани да влезат и новинари и аналитичари и политичари. Овде никој жив не можеше да го “пробие“ кордонот, ни вработените ни одговорните, дури ни сопственикот! Градоначалникот на општината Гази Баба се “правдал“ дека тоа е наредено “од горе“, за подоцна да се прашува “дали бил надлежен“ и со промена на законот да му се “обезбеди“ надлежност! Но заборавил дека никој закон не се применува ретроактивно! Министерот за транспорт и врски си нашол одлична прилика посредно да го “заштити од конкуренцијата“ неговиот кум кој во близина на Космос градел “сличен Космос“ ама многу поскап. Но најтрагикомична во целата приказна беше инспекторка Елисавета Најдоска, име кое треба да влезе во аналите на правниот систем! Таа (не)знаела можеби дека не била надлежна за објекти од втора категорија! Ако не знаела, уште потрагично и за неа и за општината па и за државата! Држава со вакви инспектори, не само што не заслужува членство во демократски општества каво што е европското, таква држава многу нешта не заслужува! Но, јадната инспекторка знаела нешто друго. Знаела дека има деца за ранење и затоа морала да постапува по наредбите “од горе“! А оние деца на над 300 работници, претежно Торбеши? Нив ги праша ли некој за нивните деца? Или, Рамазан беше, па тие постат, и не им треба леб!
А што ќе биде сега, кога се испостави дека нејзините решенија, штетни десетици милиони евра, биле незаконски и ништавни!? А обидите на власта, со предлог за измени во законот,“да се поправи“ нејзината “техничка грешка“, неуспешни? Тужбите се веќе во процедура. Веројатно нема да ја спасат ни кумот на министерот Јанакиевски ни тетката на минисстерката Јанкулоска, судијката кај која (види, чудна коинциденција!) бил доделен предметот “Космос“. Не би сакал да прејудицирам однапред, но во случај и таа да резонира и да (пре)суди како Најдоска, европските судови ќе го кажат своето и нема да слушат наредби “од горе“. Во тој случај Македонија ќе биде, како и многупати досега, “жигосана“ како недемократска земја со лошо судство од европската демократска јавност, надвор, а внатре ќе биде задолженаа да плаќа отштета. Што тогаш ? Ќе биде ли доволно да се извади од уста лебот на децата на инспекторката? Или пак, заради таквите како неа, сите ние, граѓаните на Македонија, ќе треба да скусиме од лебот за да покриваме и плаќаме хирови и грешки, нестручности и ненадлежности на инспектори, судии, министри и други слепи послушници на “оние од горе“?. Би сакал, а верувам дека тоа би го посакале и огромно мнозинство граѓани, да ја видиме “легендарната инспекторка“ - Најдоска, на оптуженичка клупа, како ќе ја образложи својата ништовна и незаконска одлука тешкаа 60 милиони евра? Нема да може на истиот начин како што ја образложуваше во Парламентот затоа што не ќе може да избегнува одговори и доплнително да одговара на посмено.

Ова е само една алка во синџирот на немање доверба, взаемна почит и

разбирање, во случајот со Торбешите. Има уште многу такви “помали“ случаи како затварање на бурекџилници, семкарници, слаткарници и ситни дуќанчиња, насекаде но најмногу во Скопје и околината, пред, за време, и по пописот. Заплашување со “одземање на државјанства“ на Торбешите од Гора и многу други суптилни форми на заплашување и притисоци. Ќе издвојам само уште еден од мноштвото примери на дискриминација, немање почит, дури и прекршување на законите. Случајот на ловечкото друштво “Дримкол“ од Лабуништа кој беше мошне присутен во медиумите оваа 2011 год., заради низата протести во Лабуништа, Струга, како и во Скопје пред Владата на Р. Македонија. Имено, за владините службеници во чии раце беше доделувањето на концесија за користење на ловните терени, не било доволно тоа што ловечкото друштво “Дримкол“ од Лабуништа е едно од најстарите во Македонија, формирано во 1923 год, со над 300 членови и со над 300 илјади евра инвестиции во ловиштата! Имале “фабричка грешка“, не биле Македонци! Торбеши биле! Затоа комисијата одлучила концесијата да ја даде на “тројца вевчанци“ кои за таа цел, само три месеци пред доделувањето концесија си формирале “ловечка фирма“ со име “Црн Камен“! Судскиот процес по жалбата на ловџиите од Лабуништа, Подгорци и околните села е сеуште во тек, но никој жив не очекува праведна разврска во корист на ловџиите Торбеши од Дримкол.
Повеќето ловџии се помириле со судбината и почнале лојално да си плаќаат “арач“ на вевчанските “аги“, со образложение дека “нивна е државата“! Има ли поголем пораз од ваквата реченица!? Пораз и за тој што мисли така, но пораз и за самата држава. А Бога ми огромен е бројот на луѓе кои ја изрекле, помислиле или ја почувствувале оваа, за сите, поразителлна фраза. Особено кај Торбешите. Торбешите не се ни уставни ни рамковни. Спрема Торбешите не само што се нема доверба почит и разбирање, ами и законите, па дури и Уставот може да се крши и никому влакно да не му фали! Дури и во Собранието на Р. Македонија како законодавен дом имаше такво кршење и тоа од претседателот Трајко Велјановски кој на седница на Собранието, на барањето на претеникот Мевмет Џемајлоски, тројцата пратеници, Торбеши, од Патријата за европска иднина, Фијат Цаноски, Мевмет Џемајлоски и Рејхан Дурмуши, да гласаат по “бадинтер“, според уставната категорија “други“, го прекрши Уставот на Р. Македонија со неговото образлозение дека“...Согласно Уставот набројани се етничките заедници кои имаат право и согласно законот за Комитетот за односи меѓу заедниците. Кога ќе се промени Уставот, ако успеете да го промените Уставот или тој што ви ветил дека ќе го промени Уставот тоа е друго прашање.“ Спред него, само набројаните во Преамбулата на Уставот заедници можат да гласаат според “бадинтер“ и да бидат застапени во Меѓуетничкиот комитет. Дека тоа не е таака потврдуваат многу екссперти меѓу кои и професорот по уставно право др. Светомир Шкариќ кој смета дека “пратениците кои се изјаснуваат како торбеши имаат право да бараат да бидат застапени во Меѓуетничкиот комитет по основа на тоа што во Уставот е предвидено застапување и „на другите“.

Јас, овде пишувам за Торбешите, но истото меже да го напише некој друг за Египќаните, Црногорците и другите “неуставни“ заедници. А и “уставните“, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, Бога ми, не се во некоја подобра и позавидна состојба. И тие сметаат дека Македонија е бинационална држава. Држава на Македонците и Албанците, заради чија мајоризација сите други се на маргините. Дури и самите Македонци и Албанци што не се во вледеачките партии го делат ваквото мислење и статус во државата. Да не зборуваме за другите видови на дискримонација како верската, половата, политичката, дискриминација кон лицаата со посебни потреби и тн.

Имајќи го сето тоа во предвид само по себе се наметнуват неколку прашања:

Има ли во Македонија доверба, взаемна почит и разбирање?

Функционира ли правната држава?

Има ли демократија во Макеонија?

Се почитуваат ли малцинските права во Македонија?...
Прашањата можат да продолжат во низа до безкрај, ама мал е бројот на кој одговорот би бил позитивен. Впрочем така велат и извештаите на надворешните, пред се, европските фактори. А нашите политичари, тие од владеачкото мнозинство, изостанувањето на датум за преговори го објаснуваат со нерешениот пробллем со името. Народски кажано, тое е ветер во магла. Камо среќа ние да го “изметеме сопствениот двор“, внатре во државава. Да нема човек кој ќе рече: “нивна е државата“. Да се воспостави рамномправност, загарантирана со Уставот, рамноправност за сите граѓани и заеници. Да се има доверба, взаемна почит и разбирање, за сите и од сите., како во Хрватска на пр. каде сите мали заедници се во Преамбулата на Хрватскиот Устав, или како во Словенија, каде градоначалници се Срби или црнци.

Кога Македонија би го достигнала таквиот степен на доверба, вземна почит и разбирање уверен сум дека вратите на Европската унија и НАТО ќе бидат ширум отворени, Грција ќе нема причини да го попречува влезот на Македонија во ЕУ, НАТО и др. меѓународни институции, а Македонија ќе биде постабилна, политички и економски посилна, побогата земја, без внатрешни превирања и без, однадвор загрозен интегритет. Во таков случај, радикално кажано, и не ни треба НАТО и ЕУ! И без ЕУ и НАТО Македонија би била стабилна и безбедна, демократска и правна држава. Дајте само да има доверба, взаемна почит и разбирање.

Автор:Шериф Ајрадиноски ,претседател на Румелија Торбешки културно-научен центар

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #214 on: February 17, 2012, 20:15 »
Торбешите не дозволуваат да бидат дискриминирани


Пратениците од Партијата за Европска иднина нема да дозволат претседателот на Собранието и надлежните да дискриминираат околу 150.000 граѓани на Република Македонија, кои се изјаснуваат и се припадници на торбешката заедница, рече на прес конференција Рејхан Дурмиши.

Тројцата пратеници на ПЕИ, вчера до претседателот на собранието на РМ поднесоа барање за автентично толкување на членот 64 став 2 од изборниот законик, а тоа е делот кој се однесува на содржината на листата на кандидати за пратеници.
- пред да станеме пратеници ние потпишавме изјави и се изјаснивме дека припаѓаме на торбешката етничка заедница. Нашите изјави беа прифатени и нашите мандати се верифицирани, рече Дурмиши и ги покажа изјавите доставени до ДИК во кои јасно се лгеда дека тие се изјасниле како припадници на торбешката заедница.

- Но, во најголемиот храм на демократијата, нам на тројцата пратеници, изјаснети торбеши, ни е ускратено уставно загаринтаното право да гласаме по бадентер, објаснувањето или правдањето им е дека не сме биле уставна категорија, не немало во преамбулата на уставот со име и презиме како другите етнички заедници. Не само нас, туку во преамбулата на уставот ги има и сите други не спомнати етнички заедници кои живеат во РМ, бидејќи во преамбулата се набројани етничките заедници, а пишува и другите... потенцираше Дурмиши.

Од ПЕИ велат дека битката за признавање и вметнување на торбешите како рамноправна и посебна етничка заедница во РМ, ќе продолжи на меѓународно ниво.

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #215 on: April 01, 2012, 19:44 »
Торбешкото прашање треба да се решава со уставни измени
    Вторник, 27 Март 2012 20:51 Македонија


Пратениците на ПЕИ го отворија историското прашање за остварување на сите ,со Устав признаени права како посебна етничка заедница.Тројцата пратеници,кои во Собранието влегоа како торбеши,бараат да можат да гласаат според Бадентеровиот принцип.

-Сосема е легитимно и правно издржано да бидеме соодветно вклучени во целокупната организација и работа на Собранието,посебно во делот на одлучувањето на сите нивоа,вклучувајќи го и гласањето по бадентеровото правило,со оглед дека и во изјавите дадени во Државната изборна комисија се деклариравме како торбеши.За жал ова не се зема предвид,иако и за формирање на Комитетот за односи меѓу заедниците и во сите други тела,основата за нивно основање е изјавата за припадност кон одредена заедница,изјави пратеникот Рејхан Дурмиши.

-Ова е само отворање на прашањето за правата на торбешите во Уставот и законите ,а не само правото за гласање по Бадентер.Тука започнува нашата борба за заштита на правата на граѓаните на Република Македонија ,изјаснети како торбеши,точно во Законодавниот дом,кој што треба да биде пример за почитување на прописите,посочи Мевмет Џемајлоски.

-Битката за решавање на статусот на торбешите е стратешка програмска определба на ПЕИ.Наша цел е правична застапеност на торбешите,како што тоа го налага законот,рече Фијат Цаноски и побара да се најдат само тројца торбеши кои согласно законот се вработени во јавната администрација.

-Ова,рече мора да се менува,не само поради нас,туку и поради Брисел,бидејчи и европските прописи го налагаат тоа,а како потврда го посочи примерот на Хрватска ,која мораше да го менува и Уставот и да ги наведе сите етнички заедници во Уставот.

Иако гласаа против барањето за Автентично толкување,ниту еден член од Законодавно-правната комисија,не го оспори правото на постоење на посебна етничка заедница,но посочија дека можеби ,решението е во промена на Уставот.И за Претседателот на Комисијата Благородна Дулиќ,барањето е легитимно,но исправањето на оваа неправда ,како што ја чувствуваат торбешите,направена во минатото,треба да се исправи со уставни измени.

Пратениците од ПЕИ најавија дека ја продолжуваат битката за нивните права.

http://sky.mk/makedonija/18783-2012-03-27-18-37-49.html

 

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Ynt: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #216 on: April 29, 2012, 19:45 »
Del od svecena i sekojdnevna torbeshka narodna nosija od Labunishta i strushki Drimkol

koshula





Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Ynt: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #217 on: April 29, 2012, 19:50 »
pesh(t)erka (pishtimal)


kafezi


cincani,cintiani (shalvari)

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Ynt: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #218 on: April 29, 2012, 19:52 »
pojas


pojas

Offline havaika

  • Adviser
  • ****
  • Posts: 880
  • "Изчистването на мюсюлманите по икономически причи
    • http://www.temanews.com/index.php?p=tema&iid=229&aid=5676
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #219 on: April 29, 2012, 19:52 »
 :)

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #220 on: April 29, 2012, 19:54 »
teljoj


skutnici

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #221 on: May 01, 2012, 23:37 »
Labunishka lokva(ezero) 2098 m.n.v.,pogled kon vrvot Strizak



Djamija Salahudin Ejjubi (Krasta) Labunishta


Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #222 on: May 16, 2012, 21:39 »
Labunishka i opshto torbeshka kunja..

Alva (crna,bela i vo oblandi)


Alva


Alva



Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #223 on: May 16, 2012, 21:42 »
Baklava (Labunishki-tatlija)



Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #224 on: May 16, 2012, 21:44 »
Boza