Македонски петтооделенец одушеви со изведбата на „Зајди, зајди“ во Србија Слушнете зошто не е напразно кога се тврди дека Македонија навистина има музички таленти.
Менил Велиоски е петтооделенец од струшко Лабуништа, кој пее како вистински професионалец.
Менил кој веќе е познат во македонскиот етер благодарение на неговите настапи на неодамна затворената „А1 телевизија“, како и на „Алфа“, „Канал 5“, синоќа настапи на добро познатата српска телевизија „БН“ заедно со Митар Мириќ и Дона Арес.
Тој музичарите и присутните во студиото, како и публиката која веќе на Јутјуб му дели комплименти, ги одушеви со изведбата на македонската „Зајди, зајди“, но и со интерпретацијата на „Нисам те се нагледао“.
На следните видеа можете да се уверите во талентот на Менил кој можеби ќе му донесе и блескава иднина.
http://www.plusinfo.mk/vest/26281/Makedonski-pettoodelenec-odushevi-so-izvedbata-na-Zajdi-zajdi-vo-Srbija-VIDEO