Мерко не ги почитува законите во образованието26.06.2010 18:46
Мишко Иванов
Важат ли законите во државава за струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко? Откако, во струшкото село Подгорци, на диво отвори две паралелки на Албански јазик, за деца кои не го ни разбираат Албанскиот јазик, сега Мерко на сила и со притисок врз директорот и училишниот одбор, инсистира децата да добијат и свидетелства.
Од страв никој не сака да зборува за проблемот.
„Не би сакал да коментирам“, вели Фадил Исламовски, директор на ОУ „Гоце Делчев“.
Струшкиот градоначалник Мерко ги игнорира и наредбите на министерот за образование Никола Тодоров.
Ова се документите во кои се гледа дека Тодоров им наредува и на училишниот одбор и на директорот да го забранат изведувањето на настава на Албански јазик во прво и второ одделение.
Паралелките се мешани или?
„Не, на Македонски наставен јазик“, рече Фадил Исламовски, директор на ОУ „Гоце Делчев“.
Мерко сее страв во нашето село, се жалат мештаните.
„За Подгорци не е добиено денар од општината, посебно за Подгорци.
Овде живеат и Македонци и Албанци и Турци?
- За Албанци и за Турци, незнам, не тврдам.
- Живеат Македонци, Торбеши и добро живееме, се сложуваме“, изјавија анкетираните граѓани.
Воведувањето на наставата на Албански јазик во основното училиште "Гоце Делчев" се случи среде школска година. Во првото полугодие децата учеле на Македонски јазик.
http://media.a1.com.mk/media/video/10/misko-26-06.wmv