Eve i nekolku stari narodni torbeshki prikazni od Labunishta pretstaveni vo originalna forma na labunishki dialekt!
На добрината треба да се возврати co добрина
Си било едно момче. Tea во еден убав, сончев есенски ден, торгнало да ојт на прошетка. Многу сакало да прајт прошетки. Торгнало низ една планина. Онаке како низ планинава наша. Како низ Јабланичкава Планина. Се искачило на планинскиот ворв, се искачило како на Стрижак. Гледат таму - рудини, свегде наоколу рудини. Гледат надолу во шумата - дорвјата се во разнобојно руво. Гледат во далечината - го виждат полето. Гледат во долината -куќички од села. А многу го интересирале и високите планински карпи што се наождале на планинскиот ворв. Имало карпи високи на тој планински ворв. Онакви какви што се оние на Стрижак. Како карпите на местото што се вика Портине (тие се карпи како порти). Се приближило до една карпа и гледат на ворвот на карпата еден орел. Се мислит дали да појт ке него. Орел е, мојт да му побегнит, ама решило и отишло, се качило на карпата, гледат - орелот не бегат. Тој бил изнемоштен.
- Што ти е, бре орле, кажи ми, што сејш аке чудно? Што мока имаш?
- Ами, момче, толку мога. Летав, летав и се изморив. Преку цело лето вортев, кружев над планинава, барав плен, сакав да грабна некое јагне. Гледав долу дали има некоја морша, некое гоедиште форлено, некое овчиште пцојсано... Толку е, се изморив, капнав и сега не можа да лета.
- Добро, бре орле, зном дека си имаш мока, ама ја мога да ти помогна. Сега ќа дојш со мене, ќа те зема со мене и ќа те однеса дома. Дома ќа си седиме. Таму ќа те ранам.
- Добро, бре момче - му рекал орелот - ќа идам штом сакаш да ми помогниш, штом мислиш таке, штом сакаш да прајш добрина.
Момчето го зело орелот и си г' однесло дома. Го ранел преку зимата, му давал од теа што иамл, од теа што се имало во куќата. He г' остајл на мока. Орелот таке зајакнал. Дошла пролетта и сакал да полетат.
- Ти благодара, момче - му велит - за добрината што ми је напрај, ама сеа ја сака да полета. Се осетвам малу подобро, добив веќе малу сила кај тебе и ќа полета.
- Па ќа те пушта, мојш да полеташ - му велит момчето.
- Добро, добро, ти благодара. Ево сеа ќа полета, ама сака и ја да ти напра една добрина.
- Е, што добрина мојш да ми напрајш ти. Ти си орел. He зном што да побара од тебе?
- Па, ево, што мога да ти напра. Ќа ти дада еден пердув. Ти овја пердув скри го некаде и чувај го. Кога ќа ти затреба, земај две каменчиња и чукај на пердувот. Стави го меѓу каменчињата пердувот и удирај на него. Тога ја ќа ти дојда и ќа ти помогна. Каква било мока да те најт, ти стори го ове и ќа видиш - ја ќа дојда, ќа ти помогна, нема да те изневера.
- Добро штом е таке - му рекло момчето. - Еве, сега те пуштам и оди си со здравје.
Момчето го пуштило орелот и орелот си летнал. Се извишил високо, фатил кун планината, почнал да вортит над планинскиот ворв како и порано.
prodolzhuva..