Речка баклава
Потребни состојки:
– 1 кг готови кори (или сукани)
– 600 гр путер
– 200 дл масло за јадење
Фил:
– 1 кг брашно
– 10 јајца
– 1/2 кг мелени ореви
Шербет:
– 2 кг шеќер
– сок од 1 лимон
– 1,2 л вода
Подготовка на филот:
Путерот и зејтинот се загреваат додека не се стопи целиот путер.
Во поголем сад се става брашното и во средината се прави дупка во која се ставаат 10 матени жолчки. Тестото се замесува со повремено додавање на стопениот путер и се меси во потврдо тесто, коешто се дроби во вид на тарана.
Подготовка на баклава:
Се зема една кора и врз неа се става 2-4 големи лажици од претходно подготвениот фил (тарана) и 2-4 големи лажици од мелените ореви. Истото се повторува и над втората и третата кора.
Трите кори се виткаат во ролат и се сечат на парчиња од 4 см.
Парчињата се редат вертикално во подмачкана тепсија.
Откако ќе се наполни тепсијата, над секое парче баклава се става по една лажица од преостанатиот путер.
Баклавата се пече 2 часа на температура 100-150 степени.
Подготовка на шербетот:
Во тенџере се ставаат 2 кг шеќер и 1,2 л вода да зоврие. Откако ќе зоврие шербетот, се додава сокот од лимон.
Печената баклава се полева со шербетот.
Забелешка:
Кога се полева, баклавата и шербетот треба да бидат млаки.
Баклавата е готова за служење откако ќе стои неколку часа.